(Видео) Музички времеполов со Калиопи во Велес, по пет години пауза пејачата одржа концерт пред македонската публика

После пет години музичката дива Калиопи одржа концерт пред македонската публика. Велешани вчеравечер ја имаа можноста да бидат дел од музички времеплов заедно со пејачката и нејзините најубави песни.

Ерупција од емоции, публиката пееше и акапела во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатинов – Џинот“.

„Дали ме сакаш“, „Црно и бело“, „Бато“, „ Не ми го земај времето“,„Месечина“, „Ако денот ми е ноќ“, „Обои ме“ се пееја гласно, па на моменти Калиопи го оставаше микрофонот само публиката да пее во еден глас.

Калиопи енергично се движеше на сцената, а публиката секој следен рефрен го наградуваше со аплауз и овации.

Таа ја изведе  „Македонско девојче“, но во џез верзија, а ја отпеа  и „Македонија“ на Дадо Топиќ.

Инаку Калиопи долги години музички е активна надвор од нашата земја, односно во регионот каде што и почесто одржува концерти и настапи. Ова е прв концерт на пејачката по пет години пауза во Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Scroll to Top