(Видео) Музика низ слика

Новиот музички проект, насловен Lines Define е создаден по идејата на Нино Спиркоски. Во него учествуваат повеќе музичари и уметници. Првата песна од овој проект е „Слика“ – вокал е Матеј Петров, а тој го напиша и текстот. Музиката е на Нино Спиркоски, а аранжманот го направија Матеј Петров, Виктор Николовски и Емил Спиркоски. Видеото е на Бобан Костовски, а сликата раскажана преку музика ја нацрта Ана Јовановска.

„Наместо секој од нас да се затвори и да работи само на својот жанр, овој проект е всушност комбинацијата на различни стилови, жанрови и музичари со нивниот индивидуален израз“, вели Нино.

Тој додава дека ќе продолжи со работата на овој проект и дека наскоро ќе промовираат нова песна.

Scroll to Top