(ВИДЕО) „На терапија“ го објави трејлерот

Домашната серија „На терапија“, која на 18 септември ќе се прикажува на „Сител“, го објави трејлерот. Во двеминутното видео се најавува содржината на 45-те епизоди што следуваат. Емоции, напнатост и тензија е она што го има „На терапија“. Се чини дека во меланхоличната соба во која се одвиваат сесиите на д-р Терзиев и неговите пациенти најсветлата точка е неговата ламба.

„Да знаат пациентите што све ми поминува низ глава, веројатно ниту еден не би се вратил кај мене никогаш“, вели актерот Никола Ристановски, кој го игра д-р Терзиев. Во серијата играат: Висар Вишка, Драгана Костадиновска, Ангела Димитрова, Тони Наумовски, Амернис Нокшиќи, Бедија Беговска.

Scroll to Top