(Видео) Ни слаб интернет не ја сопре Тања: Џумбуш во Мелбурн

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска, утрово одржа концерт преку „Фејсбук“. Таа се вклучи во живо од нејзиниот дом од Мелбурн и се пожали дека интернетот бил слаб, ама дека ќе пее. Дотерана, нашминкана, со микрофонот во рака, Тања играше, пееше и се забавуваше час и половина.

Тања ги пееше нејзините омилени песни, ама и од тие што ја гледаа во живо, побара да ѝ кажуваат песна за да им ги испее. Фановите ја пофалија што одржала концерт додека е во изолација. Коментираа дека уживале и побараа наскоро пак да им пее.

Пејачката, која веќе неколку години живее во Австралија со семејството, постојано е активна на социјалните мрежи. Пред неколку дена таа објави видео додека сопругот Новица ѝ ја бои косата. „Мојот личен фризер“, напиша тогаш Тања.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

(Фото) Новица стана фризер, фарбањето за Тања е гратис

Scroll to Top