(Видео) Низ “сенките“ на Теа: Модерна песна во време на пандемија

By

Познатата пејачка Теа Трајковска преку социјалните мрежи го промовираше својот нов сингл  „Сенки“, а за кој сними и  видеоспот. Теа е позната по својата уникатноста, па такво е и ова видео.
“Песната ‘Сенки’  е  модерна и светска. Тоа е еден од оние проекти што зборуваат сами за себе, снимен во можеби најтешки глобални/локални околности. Верувам дека ќе ги допре моите слушатели и дека сите ќе се пронајдат во оваа приказна која едвај чекав да ја споделам со нив“, вели Трајковска.


И овојпат соработуваше со познатиот композитор Лазар Цветковски, кој ги направи музиката и аранжманот, а текстот е на Теа. Видеото го режираа  Томи Акимовски и Горан Симјановски.

“Не запирам тука и веќе размислувам за следната песна. Сепак, чувајте се во ова време-невреме, носете маски и слушајте  македонска музика“, вели Теа.

Ќе ви се допадне