(Видео) Нов проект на ДаКапо бенд – слушнете ја нивната „Казна“

Музичкиот состав кој веќе 9 години успешно ја гради својата кариера, ДаКапо Бенд за ова лето ни подготви нова љубовна балада со наслов „Казна“.

Музиката и текстот на песната ги напиша Тодор Ушитков, додека микс и мастерот е дело на Горан Гешовски. За истата е снимена и прекрасна видео приказна во режија на Урбан Рекордс, а во неа како модел се појавува Анастасија Димеска.

Како потсетување, музичкиот состав ДаКапо Бенд го сочинуваат искусните музичари: Васко Спасов (вокал и фронтмен), Влатко Ѓорчев (кларинет и саксофон), Горан Костадинов (клавијатура), Тодор Ушитков (клавијатура), Никола Давчев (ударни инструменти) и Илија Мицев (труба). Со преку 200 настани годишно, музичкиот состав важи за еден од најбараните во Македонија

Scroll to Top