Раперот ПКМ ( Пупе Кељавиот од Мичурин), вчера на својот YouTube канал промовираше нова песна и видео запис со наслов PKM – „Real GUN“.
Тврди рими каде се спомнуваат легендарните пионери на македонскиот рап и рап групи и артисти од светот проткаени со препознатливиот стил на ПКМ.
Песната е снимана во Ошав продукција, музиката е на МАЦ АД, додека миксот и мастерингот се на МАЦ АД и ТЕЦ.
Видеото го изработи Иван Солунчев – С.Б. Студио Скај Камера, снимано на повеќе локации низ Скопје и Мичурин, а интересно е тоа што во него се појавуваат најеминентните рапери од Македонија.
Пионерите во рапот Деко Лудиот стил и Маријачи од Клан Исток, Аго и Тец од The Most Wanted, Ицко од Чиста Околина, Диџеј Гоце од САФ, Пука Козметика, Страјк и Л.Д. Пистолеро, Туте, Кацар, Кемп ОД, Кец, Видо, Нож и милениците на младата генерација Зи Бомб, најмладиот MC Јан и многу други луѓе од Мичурин и Аеродром и други населби од Скопје.
Песната го најавува неговиот прв деби соло албум кој треба да излезе наскоро.