Нашиот бенд „Фанк шуи“ деновиве премиерно на својот јутјуб-канал ја објави новата песна со видеозапис „Невреме“, а за која соработуваа со Вера Милошевска-Јосифовска, вокалистката на групата „Љубојна“.
Песната е достапна на сите дигитални платформи и на повеќе од 150 дигитални музички продавници.
Бендот „Фанк шуи“ ја одбележаа 2020 со две песни – „Метеори“ и „Ветер“, кои се најдоа на најрелевантните топ-листи на Балканот.
Во моментот бендот е актуелен со номинациите за видеото за „Метеори“ на музичките награди на „МТВ адрија“ во дури 3 категории, а е најде и како финалист на HEMI Music Awards.