Пејачот Влатко Лозаноски отпеа кавер верзија на новиот сингл на дуото ДНК, „Ако утре ме нема“.
Песната на ДНК е во соработка со Џамбо Агушев, автор на музиката е на Панчо заедно со Лазар Цветковски, а дел од аранжманот е на Џамбо Агушев.
Во видео спотот на песната се појавуваат пејачите Наум Петрески и Миле Кумановски, Тошо Малерот и актерите Тони и Александар Михајловски.