(Видео) Објавен концертот на Јоце Панов што се одржа во Македонска филхармонија

Поп-пејачот Јоце Панов на својот You Tube канал објави видео снимка од спектакуларниот концерт по повод 25 години музичка кариера. Колку за потсетување, на 8 март годинава во Македонската филхармонија, која беше исполнета до последно место приреди вистинска бура од емоции.

Македонскиот поп пејач одлучи да ја израдува својата публика и да им овозможи да уживаат во концертот.

 

Светска сцена, со големи лед екрани и голем симфониски оркестар. Ова е последниот концерт на кој покојната Сара Пројковска беше придружен вокал. Јоце и Сара соработуваа повеќе од дваесет години.

Од ПР Тимот велат дека поп печајот во моментов подготвува неколку проекти, влезен е во студио и многу наскоро се очекува да биде објавен еден летен хит, за кој се снима и видео запис.

Интензивно се работи на подготовки за концертната турнеја која низ градовите во државата ќе продолжи на есен, а веќе на пролет следната година во преговори се за настапи во дијаспората кај нашинците.

Scroll to Top