Младиот пејач Огнен Здравковски на денот на промоцијата на најновата песна доби резултат дека е позитивен на Ковид-19.
Тој вели дека не знае како го добил вирусот и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и внимавал. Засега нема симптоми и се чувствува добро.
Иако позитивен на Ковид-19, тој сепак реши да ја промовира најновата песна.
„Животот е непредвидлив, но верувам дека за неколку дена, ќе излезам како победник од оваа битка“, вели Огнен. Новата песна се вика „Љуби ме“, а зад неа стојат Димитар Андоновски, како автор на музиката и аранжманот, а текстот го напиша Магдалена Цветковска. За новата песна, Огнен сними и видеоспот.