Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Хрватска се провози во најбрзиот електричен хиперавтомобил на светот, „невера“, кој го произведува хрватската компанија „Римац автомобили“. Заедно со претседателот Зоран Милановиќ беа кај основачот на компанијата, Мате Римац, кој им рече да свртат еден круг.
„Немојте само до Риека, тука наоколу“, му вели Педаровски на Римац, кој, пак, вели: „Ајде седнете, да свртиме малку. Има место, влезете и ништо нема да пукне“.
Младиот хрватски иноватор и претприемач Мате Римац неодамна кажа дека „невера“ ќе оди во сериско производство. Возилото е со максимална брзина од 412 километри на час, а ќе чини два милиона евра. Планирано е да се произведе само во 150 примероци.
Мате Римац (32) е хрватски иноватор кој ја најави изградбата на „Римац кампус“ кој ќе се простира на површина од 200.000 квадратни метри и треба да биде довршен до 2023 година. Ќе биде отворен за јавност, а ќе има и тест патека.
„Римац автомобили“ е стратешки партнер со „Порше“, „Киа“ и „Хјундаи“ и се најавува како нов сопственик на „Бугати“
(Видео) Хрватската автокомпанија „Римац“ ќе гради кампус од 200 милиона евра со тест патека