(Видео) Хрватската автокомпанија „Римац“ ќе гради кампус од 200 милиона евра со тест патека

Хрватската компанија за хиперавтомобили и погонски системи за електрични возила „Римац автомобили“ го претстави проектот за своето ново технолошки напредно седиште, кое ќе се  гради покрај Загреб . Станува збор за „Римац кампус“ кој ќе чини 200 милиони евра, со две илјади вработени, а во комплексот ќе има тест патека, музеј, зоолошка градина, градинка за децата на вработени, кафулиња и ресторани како и сместувачки капацитети.

Мате Римац (32) првиот човек на компанијата гостуваше во РТЛ телевизија, и ја раскажа својата визија, за она што досега се чуваше во тајност. Тој откри и дека компелкост ќе биде отворен за посетителите кои и ќе може да видат, да има интеракција помеѓу врабтените и посетителите.

„‘Римац автомобили‘ произлезе од визија за создавање возбудливи електрични автомобили и за само десет години прерасна од проект во гаража во компанија која вработува илјада луѓе. Денес развиваме и произведуваме сопствени автомобили и технологија, како и електропогони за голем број светски автомобилски компании“, рече Мате Римац на РТЛ телевзија. Тој објасни дека првите шест години едвај делеле плати, но тој не се откажувал од идејата дека во Хрватска може да се прозведат електрични возила. По договорот со Порше, се тргнало во по нагорна линија.

Освен што ќе ги собере сите вработени на едно место, новиот комплекс ќе биде и база за истражување, развој и производство. Тоа ќе  помогне на компанијата да го замени производството на прототипови со производството во големи серии.

„Римац кампус“ ќе се простира на површина од 200.000 квадратни метри и треба да биде довршен до 2023 година. Ќе биде отворен за јавност.  „Римац автомобили“ е стратешки партнер со „Порше“, „Киа“ и „Хјундаи“ и се најавува како нов сопственик на „Бугати“.

 

Scroll to Top