(Видео) Петар Маркоски отиде на Парга по Марија

Македонскиот музичар Петар Маркоски ја промовира новата песна Una signora. За песната Петар сними и видео на Парга во Грција. Покрај него, во спотот се појавува моделот Марија Давчевска. Режисер на видеото е Даниел Јовески.

„Особено сум среќен и задоволен зашто и на оваа песна се потпишувам како автор на текстот, а музиката ја правев јас во соработка со Иван Јованов“, рече Маркоски.

Музичарот освен што снима авторска музика, последните неколку месеци прави кавери на виолина на некои од најголемите светски хитови.