(Видео) Петгодишниот син на Јоце Панов е главен лик во спотот за „Ајмо на море“

Откако прослави јубилеј по повод 25 години активно присуство на музичката сцена со концерт во Македонската филхармонија, Јоце Панов, сними нова песна “Ајмо на море“ во соработка со Бане Опачиќ кој стои зад музиката и текстот, додека аранжманот е на Алек Алексов.

На изненадување на публиката главен лик во спотот е неговиот петгодишен син Лука, за кој од ПР тимот на Панов велат дека не само што талентот за музика го наследил од татка си, туку оигледно одлично се снаоѓа и во глумата.

Букет со цвеќе, манири на кавалер и фраер од мали нозе е она што го покажа Лука заедно со Елена Вукановска, македонската ориентална танчерка со меѓународна кариера.

Спотот е реализиран од видео продукцијата на Дарио Јонковиќ во режија на Ана Марија Јанковиќ.

Scroll to Top