(Видео) Полина Тасева сними спот за баладата „Огледало“, со која настапи на „Макфест“

Македонската пејачка Полина Тасева го промовира спотот за баладата „Огледало“, што ја пееше на годинешниот „Макфест“. Видеото е снимено на неколку локации, а покрај Полина, се појавува и танчарката Ангела Богатинова.

„Ангела го доловува мојот одраз во огледало, тоа беше идејата во спотот“, вели пејачката.

Музиката и текстот за песната се на Полина и Иван Петровски, а видеото се снимаше според идеја на Полина и Владислав Гавриловски. Ова е нивна трета соработка по снимањето на спотовите за „Игра“ и „Сè се врти во круг“.

Scroll to Top