Македонскиот голман Столе Димитриевски на последниот натпревар во Шпанија направи грешка по која тимот на Рајо Ваљекано одигра само нерешено против Гетафе.
Грешката ја направи во 77 минута кога се обиде да исфрли една вратена топка, но место тоа погоди еден од противниците и топката заврши во неговата мрежа.
Судијата досуди и два пенали за двата тима, но ниту еден не погодија. Прво Димитриевски одбрани во 51 минута, а неговиот тим не искористи шанса од белата точка во 87 минута.
За потсетување, двата тима одиграа нерешно 1:1, а домашниот тим еден дел од натпреварот го играше и со играч помалку, откако еден од фудбалерите заработи втор жолт, односно црвен картон.
Pero qué es esto💀💀💀💀 pic.twitter.com/9c5VEU0FdV
— D. (@simioexiliado) February 12, 2023