(Видео) Пожарникарот Миле од Македонски Брод ја наежи Гоца Тржан од глава до петици

Пожарникарот Миле Андрески од Македонски Брод настапи во синоќешното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Тој испеа песна од Здравко Чолиќ, со која ги освои жирито и публиката уште од прва.

Особено од него задоволна беше Гоца Тржан, која рече дека ја наежил од глава до пети. И другите членови од жирито имаа само пофални зборови за Миле.

„Преубава емоција, вие оваа песна ја донесовте на најдобар можен начин и мислам дека направивте многу убав спомен. Јас не знам што е ова, но порано вежеше дека докторите се многу музикални, но изгледа дека пожарникарите го превземаат тој примат“, рекоа пејачот Неша Манојловиќ и познатиот компазитор Саша Милошевиќ Маре.

Миле е татко на младиот и талентиран хармоникаш Никола Андрески, кој веќе настапува со најпознатите музички имиња од нашата земја.

Scroll to Top