(Видео) Прв дует на Полина и Томи Тасев

Диџејот и продуцент Томи Тасев и оперската пејачка Полина го снимија првиот заеднички дует за песната Broken. Томи е комплетен автор на песната која е на англиски јазик. За „Репортер“, тие раскажаа за нивната соработка.

„Ова е моја прва песна и спот во соработка со Полина. Отсекогаш сум сакал да направам светски звук и да изградам свој стил по кој ќе ме препознаваат. Сакам да работам со светскиот пазар и да се доближам до тоа ниво. Првичната идеја појде од текстот што го напишав на англиски јазик, а потоа дојдовме до целосната Broken“, вели Томи.

Полина, иако е оперска пејачка, ја сака поп, рок, џез и алтернативната музика.

„Отсекогаш сум ги препевала песните по мој вкус. Операта е мојата љубов и активно работам на тоа, имам настапи и концерти. Соработката со Томи дојде спонтано, и двајцата сме по потекло од музички семејства. Томи ја сподели идејата со мене и си дадовме збор дека ќе направиме нешто најдобро што можеме во моментот“, ни рече Полина.

Scroll to Top