(Видео) Сефер Цаноски славеше роденден: Гала журка со трубачи кај директорот на ФОН

Директорот на ФОН, Сефер Цаноски, направи гала журка за неговиот 40 роденден. На забавата на отворено имаше многу гости. Свиреше Џамбо Агушев, а пееше  Тамара Тодевска, која со сопругот Александар се кумашини на Сефер и неговата жена Сезан.

„40-ка со моите најдраги. Да сте здрави и живи уште 100 години“, напиша Сефер.

Меѓу гостите , повеќето јавни личностина забавата беше и кошаркарскиот ас Перо Антиќ, кој објави неколку фотки и напиша дека одлично си поминал.

За потсетување Сефер е во брак со Сезан, со која се венчаше во Турција пред три години. Тогаш направија голема свадба со многу гости од Македонија и Турција, а меѓу гостите беше и Тамара со нејзиниот маж. Сефер и Сезан имаат две деца.

Претходно, Сефер кој е познат бизнисмен, беше оженет со Лејла Рамковска, ќерка на Велија Рамковски, со која има две деца.

 

Scroll to Top