Пејачот Даниел Крстески пред неколку дена ја објави најнова песна „Остани“, на која тој е и автор. Музиката, текстот и аранжманот се негово дело, додека мастерингот е на Христијан Ѓорѓиевски. За оваа нова песна, младиот пејач сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште три други девојки.
„Ова е комплетно моја песна направена во моето ново студио. Ја правев долго време, не брзав во изборот, иако имам и доста други песни веќе готови. Чекав повеќето од нив да ми „легнат“ и да одлучам која од нив прва да ја објавам. Сега само останува публиката да „пресуди“ дали е ова добро или пак не. Јас искрено се надевам ќе им се допадне“ – ни рече Крстески.
Даниел има и свој музички бенд и наскоро започнуваат и со настапи низ земјата.