(Видео) Симон Трпчески со песна од Тоше им испрати порака на фановите да се чуваат од коронавирусот

Со песната „За овој свет“ од Тоше Проески, македонскиот виртуоз на пијано, Симон Трпчески, ги поздрави своите обожаватели од целиот свет и им испрати порака да се чуваат во времето на коронавирусот. Во видео пораката на македонски и англиски јазик, тој вели дека „среда е среќен ден, создаден за убави нешта“.

„Да бидеме позитивни, да се надеваме само на убави нешта набрзо и да го победиме вирусот!“, рече тој, па отсвире класично дело од Сергеј Прокофјев, но и популарната песна од Тоше, од неговиот албум „Ден за нас“.

И Симон, како најголемиот дел светски музичари, ги одложи концертите закажани за овој период. Тој рече дека штом помине светската пандемија, повторно ќе се дружи со неговата публика и дека ќе има уште многу концерти.

Scroll to Top