(Видео) Симона Поповска вторпат стана невеста во една година

Облечена во венчаници од креаторот Златко Јовановски, македонска пејачка Симона Поповска сними реклама за накит. Таа видеото го објави на „Инстаграм“ и доби пофалби ем за изгледот, ем за глумата. „Два пати невеста во една година“, ѝ напишаа во коментарите.

Пејачката, по тригодишна врска, лани се омажи за Кристијан Сињори, еден од браќата сопственици на македонскиот бренд за машка облека. И за нејзината свадба Симона носеше венчаница од Златко Јовановски. Тогаш дизајнерот откри дека за креацијата употребил 14 метри тантела.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

(Галерија) 14 метри тантела за венчаницата на Симона Поповска

 

Scroll to Top