(Видео) Сопругата на претседателот Пендаровски со „5 плус“ раскажуваат приказни за инспиративни личности

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, и тимот на „5 плус фамилија“ почнаа да  соработуваат на проектот „Раскажуваме заедно“, кој е наменет за децата од предучилишна и училишна возраст. Децата ќе можат да слушнат приказни за развојот и успехот на поединци, херои, хероини и инспиративни личности, кои низ историјата,  оставиле силна трага, како Марија Кири, Ана Павлова и Малала Јусафзаи.

Елизабета Ѓоргиевска  ја раскажа  првата приказна за животот на храбрата Малала Јусуфзаи – најмладата личност која некогаш била номинирана за Нобелова

Приказните ќе се емитуваат на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на профилите на „5 плус фамилија“ на Фејсбук, Јутјуб и Инстаграм.

Освен Ѓоргиевска, дел од оваа иницијатива ќе бидат и други јавни личности од земјава.

Scroll to Top