(Видео) Старо и модерно Скопје во новиот спот на „Ај кју“ и Тони Зен

„Ај кју“ и Тони Зен го промовираа спотот за легендарната песна за Скопје, „Градот убав“, на маестро Алаксандар Џамбазов и Бошко Смаќоски. Видеото го снимија на неколку локации минатиот месец, додека се одржуваше фестивалот на светлината, „Скопје лајт арт дистрикт“, а во спотот се вклучени и снимки од старо Скопје.

Ова е прва соработка на популарните музичари, а песната веднаш доби позитивни коментари од публиката. „Градот убав“ е со нов аранжман, кој го направи Бојан од „Ај кју“, а песната се снимаше во студиото „Подрумот“.

„Градот убав“ и макфестовската „Ти си ми сон“ се претпоследните песни што Марија и Бојан ги испеаја пред да се преселат во Англија. Тие неодамна добија англиска виза и сега ќе живеат и ќе работат во Лондон, каде што и во минатото настапуваа и соработуваа со англиски продуценти.

„Многу сум возбудена што конечно се селиме“, рече Марија за „Репортер“ пред тргнување.

Марија и Бојан си одат од Македонија

 

Scroll to Top