Поп-ѕвездата Каролина Гочева заедно со Дуке Бојаџиев и Бранко Николовски од Фолтин, вечерва на Јутјуб ја објавија новата песна „Крв да ни се стори“.
„Крв да ни се стори“ е танц на копнеење во двојка. Од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино“, вели Бранко Фолтин, ака Пијан Славеј во објава на Фејсбук.
„Ништо друго не сакам, сакам да те пречекам, да ми дојдеш на лозје да ми цапкаш на грозје… боса да те собујам, сукња да ти засукам да те кренам на раце да ми удриш шамарче“, е само дел од песната.
За Дуке Бојаџиев пак ова е „нова соработка со стари пријатели и секогаш големо уживање“.
„Некогаш, од неврзан битолски муабет во „dm“ може да се роди нешто баш убаво“, велат од Авалон Продукција.
Музиката и текстот е на Пијан славеј, аранжманот на Дуке Бојаџиев, а продуценти се Дуке Бојаџиев, ОХО продукција и Ивица Јанкуловски.