(Видео) Сузана Гавазова со ќерките сними честитка за Денот на независноста

Во долг црвен фустан, со македонско знаме во раката, фолк-пејачката Сузана Гавазова го честиташе Денот на независноста, 8 септември. Таа сними видео на тврдината Цареви кули над Струмица, па го објави на „Инстаграм“. Во видеото се појавуваат и нејзините две ќерки, а носат исти фустани како пејачката.

„Среќен празник Македонијо!“, напиша Сузана на видеото.

Фановите, освен што ја пофалија дека има најинтересна и уникатна честитка, коментираа и дека ќерките се нејзина копија. „Која од која поубава“, ѝ напишаа тие во коментарите.

https://www.instagram.com/p/CE32sI1nzyp/

Scroll to Top