Пејачката Тамара Товедска вечерва одржа мини концерт пред Сити мол. Голем број скопјани не ги сопре студеното време и дојдоа предновогодишно да се забавуваат.
Имаше многу деца, но и возрасни кои ги пееја нејзините песни „Нејкам да сум сама“, „Тешко без тебе“, „Седмо небо“ и други, а можеа да видат и како се пали новогодишната елка.
Секоја вечер до крајот на годината пред Сити мол ќе се одржуваат концерти, а ќе има и театарски претстави за децата.