(Видео) Теа секси во новиот спот

Пејачката Теа деновиве го промовира видеото за новата песна „Бла бла бла“. Песната е на Лазар Цветковски, Теа го напиша текстот, а видеото снимено со „Пирамид продукција“ го режираше Кристијан Шемко.

„Секогаш се трудиме со Лазе да направиме нешто музички поинакво од претходно, а сепак стилски блиску до мене и досегашните музички остварувања. Овој пат ќе не слушнете во летно издание кое се надевам ќе ѝ се допадне на публиката“, вели Теа за „Репортер“.

За песната и видеото Теа доби позитивни коментари од публиката. Првите реакции се дека песната навистина ќе биде летен хит, дека видеото изгледа светски и дека Теа е навистина секси во спотот.

(А.Ј)

Scroll to Top