Баладата „Изгреј сонце“, со која триото „Џентлмен“ се натпреваруваше на „Макфест“, доби видеоспот. Автори на музиката и аранжманот се членови на триото, Кристијан Антовски, Дарко
Нешовски и Дејан Стоев, а стиховите се на Филип Цветков. Спотот го режираше Александар Николоски. Во спотот се појавува и
балерината Христина Ангеловска. Освен на „Макфест“, поп-оперското трио со „Изгреј сонце“ настапи и на меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Петрич, Бугарија, каде што ја освои втората награда од публиката.