Инфлуенсерката Миа Костова на својот jутјуб-канал го објави своето најново видео во кое задно со Тијана Скулиќ на хумористичен начин ја прикажува состојбата во нашиот здравствен систем, барем во некои здравствени оддели и клиники.
Инфлуенсерката во видеото глуми главна сестра, додека Тијана има две улоги – пациент и млада сестра.
На почетокот на видеото поранешната водителка напоменува дека оваа содржина нема политичка конотација, ниту има намера да ги деградира здравствените работници.
„Сите ликови и имиња во ова видео се измислени. Секое препознавање е чиста случајност“, вели Миа на почетокот од видеото.
„Овде лош коментар ќе добиеш од докторка само“, „„Шминката оригинал, браво“, велат фановите на Миа во коментари под видеото на Јутјуб.