(Видео) Васил Хаџиманов и Божо Вреќо со нова песна

Божо Вреќо, автор и интерпретатор на севдалинки, во соработка со Васил Хаџиманов ја направи песната „Кој ти ја милува косата ноќва“. Вреќо е автор на музиката и текстот, а Хаџиманов го изработи аранжманот. За песната е снимено и видео, чиј режисер е Драган Јереминов.

„Инспирацијата за песнава ја пронајдов во својата љубов која секогаш ја следи необична тага и меланхолија, љубов на која ѝ е судено да пропадне“, рекол Вреќо за српските медиуми.

Тој ќе одржи концерт со севдалинки на 3 декември во Белград, а еден од неговите гости ќе биде и Васил.

Scroll to Top