По преработката на „Руски рулет“ од Тоше Проески, Васил Ангелов (вокал) и Иван Митковски (гитара) ја преработија и „Слушаш ли“.
Тие веќе ги имаат преработено „Сонце во твоите руси коси“, „Рани на усните“ и „Боже чувај ја од зло“. Видеата со преработките на песните станаа вистински хит на социјалните мрежи, најмногу заради одличното пеење на Васил, чиј вокал потсетува на оној на Тоше.