(Видео) Велешки музичари со песна повикуваат сите да останат дома

Пејачи и музичари од Велес ја испеаа песната „Ќе мине сè“ и испратија охрабрувачка порака до сите во овоие тешки моменти со пандемијата на коронавирус. Тие од дома го испеаја и преработија светскиот хит We are the world, кои во 1985 година го изведоа најпознатите музичари на планетата, со цел да соберат пари за гладните во Африка.

Тие преку песната им порачаа на сите да останат дома.

Текстот го напиша Огнен Неделковски, а е во изведба на Дејан Попов, Стефани Алчева, Трајче Бондиќов, Катерина Брезева, Трајче Малинов, Мими Јовановска, The Chicks (Сандра Јорданова, Наталија Мејанџиева, Моника Ѓоргиева), Баже Натов, Стојанче Иванов, Симеон Иванов, Трајче Ристов, Оливер Тевчев, Борче Стојанов и Тихомир Тевчев.

Scroll to Top