Актерката Јана Стојановска и групата „Чалгии мерак“ ја промовираа заедничката преработка на песната „Ка ми испаднала мома Катина“. Тие за песната снимија и видео во режија на Димитри Гокен.
„Официјално, ви го претставуваме нашиот прв проект, преработката на песната ’Ка ми испаднала мома Катина’ со актерката Јана Стојановска. Потеклото на песната е од воденскиот регион, Егејска Македонија“, велат момците од „Чалгии мерак“.
Тие додаваат дека нивна цел е негување на македонската чалгаџиска музика, која е заборавена во современото општество.
„Да не дозволиме да се искорени од историјата бидејќи е од голема важност за нас како нација. Набргу ќе има и нови преработки на други песни“, додаваат тие.
Песната ја сними и миксот го направи Вилијам Лирој.