(Видео) Згодни Бугарки за помирување – „Јовано, Јованке“ доби нова верзија од Александар и Дац

Александар Митевски и Драган Спасов – Дац направија нова верзија на песната „Јовано, Јованке“ заедно со гудачкиот квартет „Дестини“ од Бугарија. Песната ја промовираат со пораката „Љубов без граници“. И девојките од „Дестини“ на својата фан-страница оставија слична порака: „Ѝ кажавме ‘да’ на љубовта“.

Песната за еден ден има над 10 илјади прегледи. „Со згодни Бугарки ќе го решавате спорот“, „Одлична преработка, браво, дечки“, се дел од коментарите на „Јутјуб“.

Дац и Митевски за време на карантинот преработија многу хитови. Најголемо внимание привлече преработката на „Бела, чао“ – „Корона, чао“, која ја слушаше и бугарскиот премиер Бојко Борисов, а во видеото што го објави тогаш рече дека Македонија секогаш ќе ја има поддршката од Бугарија.

Scroll to Top