Викторија Лоба: Верувам дека овој лош сон наскоро ќе заврши

Макдонските познати личности постојано споделуваат фотографии и статуси за тоа како го минуваат времето во изолација и со апел да се деи дома. И поп-пејачката Викторија Лоба тоа го направи на свој начин.  Таа објави фотка на која е без шминка, а под фтографијата напиша совет како да си помогнеме себеси, но и на другите.

„ Верувам дека овој лош сон наскоро завршува. Сега единствено како можеш да си помогнеш себеси и на другиот е да останеш смирен и многу внимателен.

Само помисли колку си среќен што можеш да останеш дома и помисли на сите доктори, медицински лица, полицајци, фармацевти и продавачи во прехранбени продавници кои не се во можност да го напуштат своето работно место и да бидат со своите најблиски“, е дел од пораката на поп-пејачката.

Scroll to Top