Влатко Миладиноски и оркестарот на Златко Миладиноски со солистички концерт во СЦ „Борис Трајковски“

По исклучително успешна година, одбележана со распродадени концерти во Македонската опера и балет, маѓепсана публика на Античкиот театар во Охрид и триумфална турнеја низ Австралија, Америка, Канада, Европа, Турција и македонската музичка сцена добива нов момент кој ќе се запише во историјата.
На 28 декември од 20:00 часот, за првпат еден македонски изведувач на народна музика ќе одржи солистички концерт во СЦ „Борис Трајковски“-легендарна арена резервирана за најголемите имиња и најимпозантните спектакли, најавува организаторот.

„Иведувачот е Влатко Миладиноски, човекот чиј препознатлив глас со години ја носи македонската емоција низ времето, обединувајќи ја традицијата со современиот звук. Заедно со оркестарот на Златко Миладиноски, тој подготвува 3 часовно музичко патување што ќе ги допре сите генерации.
Концертот ветува продукција на највисоко ниво: 200 m² импресивна централна сцена, врвна аудио техника, преку 300 светлосни тела и ефекти,
над 200 m² LED екрани што ќе создадат визуелна димензија доследна на најсовремените светски концерти.
Дополнително, голема чест ќе бидат специјалните гости, со што вечерта ќе добие уште поголема уметничка тежина и ексклузивност.
Настанот не е само концерт – туку визија за тоа македонската песна да добие сцена каква што заслужува, сцена која ја возвишува нашата традиција и ја преведува во модерно, спектакуларно музичко доживување.
Концертот е закажан на 28 декември, од 20:00 часот, билетите се во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и продажната мрежа на kupikarta.com“.

Scroll to Top