Влатко Миладиноски сними велигденско фолк-шоу

Фолк-пејачот Влатко Миладиноски минатата недела сними велигденско музичко шоу кое ќе се емитува на регионални и локални тв станици, како и на сателитската „Ин ТВ“ за Велигден. Шоуто вклучува убавите македонски песни и ора, а Влатко се надева дека гледачите ќе уживаат.

„Во самото шоу учествуваа многу мои блиски соработници и инструменталисти. Ме придружуваше фолклорното студио ‘Блажевски’. Продукцијата е на ИН ТВ’. Гледачите во емисијата ќе ја слушнат новата песна ‘Ај да ојме Јано’,“ рече Влатко.

Самиот Влатко е режисер и водител на музичкото шоу.

Scroll to Top