Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, вечерва ќе настапи Влатко Стефановски Трио. Концертот е во знак на одбележување на државниот празник „8 Септември“ и влезот за публиката е слободен. Македонскиот легендарен гитарист Стефановски, ќе настапи во придружува на својот син Јан на тапани, а на бас гитара ќе свири Иван Кукиќ. Музичката концертна приказна ќе биде исполнета со препознатливи етно, рок, поп и џез звуци. Концертот е закажан со почеток во 20 часот.