Фолк-пејачката Адријана Алачки се пофали на „Фејсбук“ дека го нашла својот наследник и објави фотографија од внуката, која веќе оди по нејзините стапки.
Адријана неколку години е автор и водител на емисијата „Вкусот на традицијата“ во која ги претставува традиционалните македонски рецепти. И покрај работните обврски кои ја окупираат, таа сака секој слободен миг да го поминува со своето семејство, а на прво место ѝ е внуката.