Во недела, 3 мај, во општината Аеродром ќе се одржи голем музички концерт на кој ќе настапат Наде Талевска и Горан Наумовски, „Тринити стрингс“ и диџеј Тодорофф. Концертот ќе почне во 18:45 часот, а ќе се одржи на кровот на една од кулите од комплексот Џевахир.
Истовремено, ќе се организира и пренос во живо преку фејсбук-страницата на Општина Аеродром.
„Ги повикуваме сите жители на Аеродром од своите балкони или следејќи го live stream преносот во својот дом, да се приклучат на хепенингот и на овој начин, иако одвоени, сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба“, велат од Општината.