When in Krusevo 2025 почнува на 08 август, објавена е програмата

Овогодинешното издание на фестивалот на отворено When in Krusevo 2025 почнува во петок, 08 август.

Во 18 ч. се отвора т.н. chill out зона на Крушевско Езеро, а во 19  часот ќе започне детскиот музички фестивал „СИДО“ пред споменикот Илинден (Македониум). Од 21:30 започнуваат концертите на Трето Колено, Revelation и ди џеј Бапчу, исто така пред споменикот Македониум.

Во сабота ќе се одржат планинарската тура од манастирот Св. Преображение и велосипедската тура од пред спомен куќата „Тодор Проески“.

Веднаш после турите од 12 часот ќе започне забавата со Естефано на ски терените, односно во ресторан Алто, а на истата локација учесниците ќе можат да уживаат во адреналинскиот парк.

Од 13 часот започнуваат јавањето коњи, SUP и кајак на Крушевско Езеро. Во 17 часот закажан е промотивен тренинг во биатлон на Гумење.

Вечерната забава започнува во 22 часот, овој пат во градскиот парк со Дупер, а потоа ди џеј Доменико Талеса.

Последниот ден од настанот е резервиран за тандем параглајдинг, посета на музеи, саем на храна и пијалоци во градскиот парк и инклузивен настан за подигнување на свеста за социјално ранливи лица и детски игри.

Ќе се одржи и театарска претстава од 11:30 часот, а на ски терените ќе се спроведе еко акција со почеток во 16 часот.

Scroll to Top