„За мене Драган беше татко над татковците”- Мартин Вучиќ со емоции за познатиот музичар и водител

Мартин Вучиќ, пејач и директор на националниот Ансамбл „Танец“, по смртта на својот татко конечно реши да ги сподели јавно емоциите.

Тој напиша неколку збора за познатиот водител и шоумен: За некого беше музичариште, за некого басист бр.1, за некого шоумен, за некого композиториште. За мене секогаш татко над татковците, напиша Мартин.

За потсетување, Драган Вучиќ почина на 4 мај од коронавирус. Тој претходно една недела се лекуваше на Клиниката за инфективни болести, но состојбата нагло му се влошила, а имал и тешка слика на белите дробови.

Вучич почина на 65 години. Починатиот музичар и водител, зад себе остави бројни поп-хитови, а меѓу нив и „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Тој ја компонираше и песната Make My Day, што ја претставуваше Македонија на Евровизија 2005 година.

Scroll to Top