Со слика стара 60 години, актерот и шоумен Игор Џамбазов се потсети на свадбата на неговите родители, Анче и Александар. По смртта на легендарниот композитор и диригент, Игор деновиве на Инстаграм често споделува стари семејни слики и раскажува кратки анегдоти поврзани со татко си.
„За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста“, вели актерот.
Старата семејна фотографија, која е направена 1962 година, на денот кога се регистрирале, предизвика големи реакции кај фановите на Игор. „Колку била убава Анче, сега се пак заедно“, „Холивудски парови може вода да им носат“, „Засекогаш ќе ги помниме по успехот кој го постигнаа во својата уметност, такви уметници ретко се раѓаат“, се дел од коментарите.
За потсетување, маестро Александар Џамбазов почина на 25 јануари на 85 години. Наскоро во Скопје една улица ќе биде преименувана и ќе го носи неговото име.
View this post on Instagram