Филмскиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов вчера беше погребан на Новите гробишта во Белград. Неговата урна е положена во Алејата на заслужни граѓани на белградските Нови гробишта.
Хаџиманов ја изгуби битката со коронавирусот на 27 март, а вчера беше погребан во кругот на најблиските членови од семејството и пријателите. За време на погребот беа испочитувани сите мерки против коронавирусот.
За потсетување, неговиот син Васил објави дека по завршувањето на пандемијата, неговиот татко ќе биде погребан онака како што доликува и како што тој би сакал, со песна и насмевки.