„Пелистерка“ го објави својот календар за 2018 година со 12 македонски спортистки. Секоја во спортот и дисциплината што ги претставува, но секоја згодна и сексапилна на свој начин. Идејата е да се покаже дека жените може да бидат убави, но паралелно и силни, упорни и дисциплинирани, е мотото на кампањата. На календарот се Берна Шерифовска (џудо), Дрита Ислами (атлетика), Едина Муса (кошарка), Елена Чуркоска (кајак), Ивана Јанкова (одбојка), Катерина Николовска (велосипедизам), Леана Таќи (тријатлон), Марија Божиновска (бодибилдинг), Милјана Ристиќ (маратон), Наташа Андонова (фудбал), Нина Ѓорѓевиќ (карате), Стефани Тодорова (кикбокс).
Згодни и секси – кои се спортистките на „Пелистерка“?
