Жугиќ ја отворила канцеларијата во театар „Комедија“ – Новата директорка одби посета

By

По разрешувањето на директорката Јелена Жуѓик од „Театар комедија“ екипата на Макфакс договори со неа средба во 18 часот, кога најави дека ќе биде во просториите на театарот. Но, место Жугиќ бевме дочекани од хигиеничарката, која не спроведе кај секретарката на поранешната директорка за да таа ни потврди дека Жугиќ е разрешена и не можеме да се сретнеме со неа.

dobivaj vesti na viber

„Се извинувам, Жугиќ е разрешена во три часот. Не знам зошто ви закажала средба, но ниту таа не знаеше дека ќе биде разрешена“, рече секретарката.

На барањето на екипата на Макфакс да се сретне со новата директорка, Мирјана Поповска Ристов, одговорот беше негативен, во консултацијата со неа, без притоа да дадат образложение. Според информациите од театарот, Жугиќ и новата директорка не се соочиле ниту извршиле примопредавање, а токму во овие моменти новата директорка се сместува во фотелјата на Жугиќ. При обидот повторно да исконтактираме со Жугиќ, таа ги одбиваше нашите повици.

Жугиќ денес беше разрешена од новиот министер Роберт Алаѓозовски, заедно со директорот на Театарот за деца и младинци, Братислав Димитров.

(Извор/Макфакс)

Ќе ви се допадне

go88 math

sunwin nhận code tại sunwin88 sunwin group