Актерката Јелена Жугиќ, поранешна директорка на „Театар комедија“ и активистка на ВМРО, се јави на „Фејсбук“ за да го поддржи својот колега, актерот Владо Јовановски. Тој доби мерка куќен притвор за поврзаност со настаните од 27 април.
„Драг колега Владо, низ историјата актерите биле прогонувани, затворани, омаловажувани само затоа што биле гласот на народот, а искрениот глас на актерот е посилен од најсилната оркестрирана државна какафонија! – „Кино љубов”, претстава со која во 2007 ја отворивме Малата сцена во Драмски театар, пишува таа во својот статус на ФБ.
Актерката за време на шарената револуција фејсбук-профилот го искористи и за јавно повикување да се искористат гумените куршуми против демонстрантите кои излегоа на улица.