На 8 септември клубот „Епицентар“ ќе ви ја открие најдобро чуваната технотајна на Аргентина – познатиот диџеј Jonas Kopp.
Едно од проминентните и највозбудливи имиња што се појавија од аргентинската техносцена. Успешен продуцент, ремиксер и виртуозен изведувач кој бргу транзитира во еден од водечките современи хаус и технодиџеј. Често е споредуван со оние што им пркосат на жанровите, како Levon Vincent, Ben Klock, Marcel Dettman и Ryan Elliot.
Неговата музичка кариера започнува многу рано. На 19 години го издава првото цеде под алијас Area64 за популарно ФМ-радио каде што работи и како резидент. Во 2006 издава за Pfirter’s MindTrip Music imprint и оттогаш не престанува да се филтрира во разни музички жанрови. Без разлика дали е длабок Chicago – инспириран хаус (Curle) или мрачно техно (Stroboscopic Artefacts, Krill Music, Ostgut Ton), тврдите бас-линии и возбудливи ритми се провлекуваат низ неговата дискографија. Токму овие специфични и моќни карактеристики прават да се возможни изданија како Reforce – неговото прво ЕП со четири ленти за Deeply Rooted House, кое беше најдиверзитетно каде што апстрактното со бавниот ритам се наоѓа рамо до рамо. Во ноември 2014 најважната техноплатформа Trésor го лансира Beyond The Hypnosis, неговиот прв албум кој има широк спектар на амбиентални и тврди технозвуци.
Кога е зад пултот, Jonas е познат по многуте лица што редовно ги претставува во изведбите, како и фактот што микса на три дека, а неговите сетови пловат низ море од жанрови, темпа и температури. Неговиот технолајф PA-сет е мешавина создадена на аналогна и дигитална опрема, како што првпат и се претстави во Berghain во 2010. Оттогаш е редовен во оваа берлинска институција, а се паметат и неговите настапи во Европа на ADE, Sonar и Amsterdam’s Trouw, како и настапите во САД, Австралија и Јапонија.
Jonas Kopp во своите 10 години музичка продукција има докажано дека може да направи сè што ќе замисли. Од неговото деби во 2006 па сè до денес има изградено солидна дискографија која ги покрива сите аспекти од електронската сцена.